Памела Андерсон: Стареам, па си велам, леле, ова навистина ми се случува

Ѕвездата на Baywatch откри како ја донела одлуката откако да не се шминка откако нејзината шминкерка Алексис Фогел починала од рак на дојка.

„Таа беше најдобра. И после тоа, едноставно ми беше подобро да не се шминкам“, вели актерката.

„Може да биде ослободувачко и забавно и малку бунтовно“, објасни таа, додавајќи дека со нетрпение чека да старее и дека сака да направи нешто поразлично од она што го прават повеќето луѓе.

Мислам дека сите почнуваме да изгледаме малку смешно како што старееме. Некако се смеам на себе кога ќе се погледнам во огледало. Па јас сум како: „Леле, ова навистина ми се случува.“ Тоа е патување. ” рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson)

“Попрво би ги покажала моите пеги. Забавно е да стареам. Тоа е олеснување. На одредена возраст изгледаме помлади и посвежи без шминка”, сподели таа.

“Ова сум јас. Среќна сум со тоа што сум сега. Тоа е нов свет и многу сум благодарна за сета поддршка”, заклучила таа.

Андерсон се појави на неколку насловни страници на женски списанија позирајќи без шминка. Таа објасни дека на почетокот на кариерата немала целосен избор за тоа како ќе изгледа и дека „го направила тоа што ѝ било кажано“.

 

Scroll to Top