Денес на 60 години почина актерот Владимир Ендровски-Љац. Веста ја објави Македонскиот народен театар (МНТ). Тој беше во брак со актерката Тања Кочовска со која го имаат синот Александар. Не е тајна дека Љац и Тања беа во супер односи и по разделбата, па дури Тања, која е во брак со глумецот Предраг Павловски, славеше роденден и со бишиот и со сегашниот сопруг. Барем таква фотка објави за еден свој роденден.
Таа во интервју за Репортер, лани, таа ни раскажа за бракот со актерот Владимир Ендровски – Љац.
„Јас со Љац бев најдобра другарка на Академија. Бевме неразделни 4 години, јас, Љац и Кили. Ние случајно го направивме Александар, останав бремена и сакав дете и реков дека ќе го родам.“, рече тогаш Тања.
Иако по нивната разделба се зборуваше дека „Твоите очи мој сине“ со која Тања пееше на Макфест, е за бившиот маж, Тања тогаш во разговорот на смеење ни раче „Е да бе, едни очи, исти како татко му. Љац си мисли дека е за него, ама не е така, и двајцата тоа го знаеме.
Синот на Љац и Тања, Александар, неодамна се ожени и стана татко на малиот Јаков.