Од Анџела Георгиу преку Малковиќ и Биковиќ, со рекордна посетеност заврши 63. издание на Охридско лето

Со претставата „Лагата“ на Драмскиот театар од Белград и популарните актери Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Тамара Крцуновиќ и Јелисавета Теодосиќ беше спуштена завесата на 63.тото издание на „Охридско лето”.  И годинава организаторот понуди одлична музичка и драмска програма, со која го зацврсти Охрид на светската мапа на културни настани.

Охрид периодов беше домаќин на врвни домашни и светски уметнички имиња, а посебно внимание предизвикаа настапите на оперската дива Анџела Георгиу на самото отворање и настапот на светски познатиот актер и режисер Џон Малкович.

Годинава фестивалот имаше рекордната посетеност и дојдоа гости од целата земја, но и светот. Дојдоа од Англија, Франција, Србија, Шведска, Белгија, Австралија, Бразил, Израел, Грција, Црна Гора, Турција, Холандија и други земји, а организаторот најави ексклузивна програма и за следната година со гостување на звучни имиња.

Фото: Фејсбук

 

 

Scroll to Top