Човекот кој од почетоците на ликот Супер Марио од видеоигрите на Нинтендо, го позајмува гласот по 27 години оди во пензија. Станува забор за Чарлс Мартинет, кој првпат како Марио зборуваше во 1996 година во „Супер Марио 64“, а ги позајмуваше гласовите и на други ликови од играта, како братот близнак на Марио, Луиџи, или непријателите Варио и Валуиџи.
Во соопштение на Твитер од Нинтендо велат дека Чарлс сега ќе има нова улога на Марио амбасадор и дека повеќе нема да биде гласот на ликови од нивните видеоигри.
Мартинет во една прилика има изјавено дека гласот на Марио го базирал на Петручио, ликот од драмата „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир.
„Сакам да го давам гласот на Марио додека сум жив. Ако некогаш помислам дека не можам повеќе да го правам тоа ќе побарам Нинтендо да најдат некој друг кој ќе ме замени“, изјави во 2021 година Мартинет на конвенција за видеоигри.
Тој исто така го позајми гласот за ликови во видеоигри како „The Elder Scrolls V: Skyrim“ и „Ratchet & Clank Future: A Crack In Time“.
My new Adventure begins! You are all Numba One in my heart! #woohoo !!!!!!! https://t.co/3YWYewlnXt
— Charles Martinet (@CharlesMartinet) August 21, 2023