Бергузар Корел со нов имиџ за серијата „Јазол“ и се враќа на глумата

После подолго време турската актерка Бергузар Корел се враќа на сетот. Таа ќе игра во новата серија „Јазол“ зад која стои OGM Pictures. Ова е прва улога на Корал, после неколку години пауза, откако се повлече од актерството заради третата бременост. За потребите на новата серија, таа целосно го смени имиџот и стана русокоса. Актерката ги собра сите комплименти откако на социјалните мрежи ја објави фотографијата.

Во новата серија Корел ја глуми новинарка Неслиха Турхан, која води емисија за досиеја на исчезнати лица и за убиства. Таа е пред предизвик кога нејзиниот единствен син ќе биде обвинет за убиство на нејзина пријателка. Снимањето на серијата почна неодамна,  а премиерата е во 2024 година. Ова е прва турска серија снимена во соработка со „Амазон прајм“.

За потсетување, таа е во брак со актерот  Халит  Ергеч со кого имаа два сина и една ќерка. Двојката се запозна на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“, се вљубија, а кратко потоа се венчаа. И денес во јавноста, Бергузар , која е една од најплатените турски актерки, ја нарекуваат Шехеразд, по улогата со која и стана позната на јавноста.

Scroll to Top