Педесет и четиригодишниот Горан К. од Хрватска, заработил пет казни за брзо возење во период од пет дена на исто место. Судијката Драгица Грујиќ од Општинскиот суд во Пазин, му одредил казна од 1000 евра и уште 150 евра за трошоци. Горан возел со автомобил на член од семејството.
Бил снимен во август 2020 година во период од пет дена, четири последователни. Возел со 93 и 107 километри на час, на место каде била дозовлена брзина од 50 километри на час. Медиумите пренесоа дека Горан со оваа казна станал рекордер.