Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, викендов го следеше финалето од Лига Купот меѓу неговиот тим Интер Мајами и Нешвил во САД.
Фудбалерот не пропушти можност да се слика и со холивудските актерки Никол Кидман и Рис Витерспун, кои исто така беа на стадионот и го гледаат натпреварот.
Бекам на крајот се радуваше на победата на неговиот клуб со сопругата Викторија и двете деца Круз и Харнер. Интер Мајами победи на пенали, откако натпреварот заврши нерешено 1:1.
„Каква ноќ во Нешвил. Не можеме да бидеме погорди на тебе Дејвид. Те сакаме многу. Шампиони“, му напиша Викторија.
За потсетување, Бекам е еден од косопствениците на клубот, во кој неодамна дојде и Лионел Меси и фудбалерите на Барселона Бускетс и Алба.