„Македонијо во срце те носиме“ тргнува на својот концертен караван

Од 6 септември до 11 октомври низ Македонија ќе се одржи концертен караван со познати македонски пејачи.

Во музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ ќе учествуваат 12 пејачи, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска и Зуица Лазова.

Публиката ќе има можност да ги слушне патриотските песни „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ и други.

Музичкиот караван ќе започне на 6 септември во Штип, па ќе продолжи во Битола на 13 септември. На 20 ќе пејат во Велес, а на 27 во Прилеп.

На 1 октомври ќе продолжат во Кочани, па на 4 во Тетово, 11 во Скопје, а за терминот во Кавадарци од организаторите рекоа дека дополнително ќе го најават. Почетокот на сите концерти е во 20 часот.

 

 

Scroll to Top