Кание Вест со сопругата Бјанка се на одмор во Италија. Папараците ги снимија пред штанд за брза храна. Бјакна беше облчена во проѕирни хеланки и изгледаше како да се шета гола. Носеше и бели потпетици, а за разлика од неа, Кание беше наоблечен во црна облека и покрај топлото време.
Носеше јакна со широки и црни панталони, а околу главата имаше дебел џемпер.
„Како би било полицијата во секоја земја да го апси секој што е гол? Тоа се вика непристојност. Уморни сме од присилувањето да гледаме голи жени и треба да биде незаконски децата да го гледаат ова. Се надевам дека Италија ќе ги избрка и двајцата од земјата. Не им треба овој пар да ја загадува. Ова е тотално непочитување на конзервативната католичка култура. Италијанците требаше да ги избркаат“, биле некои од коментарите кои ги добила Бјанка од фановите.