Сопругата на Метју Меконахи вели дека на почетокот од врската свекрвата ја викала со имињата на неговите бивши

Сопруга на холивудскиот глумец Метју Меконахи, Камила Алвес раскажа за почетоците на нивната врска. Откри дека неговата мајка Мери Мекејб ја тестирала и дека имала непријатни ситуации.

„На почетокот правеше секакви работи за да ме тестира. Ќе ме викаше по имињата на поранешните девојки на Метју и одедднаш ќе почнеше да ми зборува на шпански. Беше злобна“, рече Камила во подкастот на магазинот Southern Living.

Рече дека успеала да ја придобие кога заедно заминале на работа во Турција.

„За време на летот, ми раскажуваше секакви приказни. По третиот ден сфатив дека тоа се глупости и затоа свртев сè наопаку ѝ решив да возвратам. И ја покажав мојата жестока бразилска, латиноамериканска страна“, рече Камила ѝ откри како реагирала Мери.

„И така одевме напред, назад. Ниту една од нас не попушти. На крајот ме погледна и ми рече дека влегов во семејството“, рече таа. Оттогаш е во добри односи со свекрвата и многу се почитуваат.

За потсетување, Камила и Метју се заедно од 2006 година, а пред бракот биле во врска шест години. Се венчаа во 2012 година и заедно имаат три деца Леви (14), Вида (13) и Ливингстон (10).

Scroll to Top