Шарлиз Терон откри како се измачувала и гладувала за филмот „Монструм“ за кој доби Оскар

Холивудската глумица Шарлиз Терон откри како се измачувала и гладувала за да ослабе за улогата во филмот „Монструм“.

По едно снимање, му се јавив на докторот и му реков дека умирам затоа што не можам да ослабам. Ми рече да се смирам и дека имам 40 години и затоа метаболизмот не ми е како што ми бил“, раскажа Шарлиз која рече дека не сака повеќе да го менува телото и физичкиот изглед за филмските улоги.

Реле и дека телото сè уште ги чувствува последиците од честите промени на тежината со текот на годините и сето тоа поради улогите.

„Никогаш повеќе нема да се дебелеам за некоја улога, бидејќи не можеш да ги симнеш подоцна“, рече Терон за Allurе и додаде дека на 27 години кога го снимала „Монструм“, изгубила околу 15 килограми преку ноќ. За тој филм освои Оскар за најдобра женска улога во 2003 година.

 

 

Scroll to Top