Пред почетокот на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид замина на одмор во Грција со семејството. На една од плажите се сретна со пејачот Јоце Панов, а сопругата Ана објави видео како плива во базен. Рокерот покажа дека е во форма и во шестата деценија.
За потсетување, Ѓорѓе Давид ѝ беше ментор на струмичанката Славица Ангелова која победи во „Ѕвездите на Гранд“. За Славица имаше само пофалби и рече дека е најидеален вокален солист од Македонија кој може на многу високо ниво да пее на Евровизија. Додаде и дека колку тој е заслужен за нејзиниот успех, толку и таа му помогнала да стигнат до врвот.