Леонардо ди Каприо има нова девојка. Станува збор за дваесет и петгодишниот модел Виторија Серети за која медиумите пренесоа дека се уште е во брак, а наводно била разделена од сопругот. Папараците ги снимија во Калифорнија како јадат сладолед. Биле лежерно облечени, во кратки панталони и маички.
Првпат се видени заедно во мај годинава на Канскиот филмски фестивал. Викторија е модел и ќерка на познатата дизајнерка Франческа Лазари. Потекнува од Италија, а од 2020 година е во брак со познатиот диџеј Анута. Наворно се разделиле пред два месеци.
За потсетување, Леонардо претходно раскина со Камила Морон, кратко пред да наполни 25 години, а од тогаш го поврзуваа со неколку жени, меѓу кои и Џиџи Хадид и уште 19-годишен модел.