Со концерт на Горан Папаз во четврток започнува Охридскиот џез фестивал

Охридскиот џез фестивал ќе биде свечено отворен со концерт на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ во четврток на 31-ви август, а како гости на истиот ќе се појават, гитаристот Танче Гроздановски и перкусионистот Ратко Даутовски. Концертот ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид со почеток од 20:30 часот.

На вториот ден од фестивалот кој ќе се одржи на 1. септември 2023 година, исто од 20:30 часот, концертно ќе се претстави Џон И. Апелгрен со неговиот квартет.

Организатор на џез фестивалот е Општина Охрид. Влезот е слободен за сите љубители на добрата музика

Scroll to Top