Нина Бадриќ: Колку е постара жената, толку е поповлечена, а мажите се пошармантни и смрдат на километар

Хрватската пејачка Нина Бадриќ во интервју строго ги осуди денешните нереални стандарди за убавина.

„Има огромен притисок врз жените, дека мора да бидат многу убави, совршени, еднолични, слични и дека ова е прототип на вистинска жена“, вели Бадриќ во интервју за хрватската емисија „Ин магазин“.

„Колку е постара жената, толку е поповлечена, а колку е постар мажот – толку е пошармантен, дури и ако е дебел, запоставен, валкан, има стомак до заби. Секогаш ќе се најде некој кој ќе рече: ‘Тој е боемски шармантен’, а не е важно што смрди на километри. На жените секоја брчка им е нагласена, па првиот коментар ќе биде: ‘Види ја оваа, колку пропаднала!“, заклучи Бадриќ во разговорот за познатата емисија.

Scroll to Top