Хороскоп за 28 август: Вагата да биде природна ѝ ќе го освои срцето на симпатијата, шкорпијата да не се преоптоварува со работа

ОВЕН
Иако на своите должности им пристапувате со одговорност, запомнете дека има исто толку пријатни работи што треба да ги направите. Сетете се на вашaта сакана личност, пријатно изненадете ја и ќе запрете конфликт кој се развива. Таа личност и заслужува повеќе внимание. Вашите работни обврски нема да избегаат.

БИК
Сонцето изгрева и над вашата патека. Ќе се ослободите од грижите и работите ќе ви се наредат како по ноти. Во однос на службените планови, ви се надѕираат добри изгледи и тоа ве стимулира повеќе да се занимавате со работата. Воздржете се од интимни средби, доколку брачниот другар ве очекува. За оние без такви обврски, во оваа насока се отвораат безгранични хоризонти.

БЛИЗНАЦИ
Бидете добронамерни и не барајте одмазда кон личност којашто кон вас се однесувала со презир. Споделете го вашето време со вашата сакана личност. Расположението ќе ви се подобри и ќе бидете позитивно наелектризирани. Оние коишто денеска ќе излезат на испити ќе постигнат успеси кои ќе направат да се чувствуваат задволни од себеси.

РАК
Плановите за денеска може да се променат од причини кои што не зависат од вас, но тоа нема да ве спречи добро да се забавувате. Потребни се многу пари за да ги реализирате вашите професионални идеи, затоа бидете трпеливи. Размислете за нови извори на средства. Потребна ви е поголема флексибилност за да можете да ги финансирате вашите потфати.

ЛАВ
Времето, во коешто ќе бидете преокупирани со работата нема да биде попусто потрошено и вие тоа најдобро го знаете. Од друга страна, не би преземале работи за кои нема перспектива. Ако се чувствувате навредено или запоставено, не ги прекинувајте врските со оние кои ве разочарале. Дајте им втора шанса, тоа е често тест за менталната цврстина и можеби ќе ги откриете вашите грешки.

ДЕВИЦА
Без многу труд ќе се справите со настанатиот проблем, за што во голема мера ќе помогне довербата на колегите во вас. Некои преставници на знакот, пак, ќе се стремат кон самостојни настапи и нема да згрешат, нивната ефикасност ќе биде голема. Обидете се да го завршите она што сте го започнале во текот на денот и не се обврзувајте на повеќе обврски денеска.

ВАГА
Денеска ќе ви се оствари желбата да се појавите пред личноста којашто ви се допаѓа. Само бидете природни и не преземајте никакви ризични потези. Родител или друга блиска личност очекува поголема грижа од вас, последното нешто што би сакале е да останат без неа. Другите ќе застанат во одбрана на нивните интереси и ќе ги остварат своите.

ШКОРПИЈА
Доколку страдате од болести, не преоптоварувајте се со работа. Останете дома и препуштете се на лежерните активности. На деловен план ќе наидете на нелојални партнери, но не трошете ја својата енергија натпреварувајќи се со нив. Времето динамично ќе помине и за оние кои работат во областа на комуникациите и услугите.

СТРЕЛЕЦ
Седмицата ќе ја започнете расположени и со желба за пројави. Ќе најдете разбирање од вашиот партнер и во партнерство ќе пристапите кон спроведувате на некои од нив. Вашата помош некому ќе ве награди со почит и добри чувства, и ќе ве мотивира да не запрете во вашата трудољубивост. Погрижете се да ја обновите вашата гардероба доколку ви дозволува времето.

ЈАРЕЦ
Од многубројните обврски денеска најмногу ќе ви се натрупа заморот и досадата, но ќе се снајдете. Поддршка нема да ви недостига и со заеднички напори ќе ги унапредувате задачите. За возврат, ќе бидете корисни некому со вашето внимание и грижа. Кога работите со документи, не потпишувајте пред да бидете најасоно со содржината на она што е напишано со ситни букви.

ВОДОЛИЈА
Инспирирани од нова врска или друг среќен настан во вашиот живот, денеска ќе им дадете предност на попријатните активности. Не барајте причини да вразумувате некого, бидете пример, особено што тоа нема со ништо да ви отежне. Пишувањето или други креативни расположенија ќе доминираат со некои од вас.

РИБИ
Влегувате во многу успешен период. Работата ќе спори со вас, односите со најблиските ќе се подобрат, а финансиската состојба ќе ви се стабилизира. Бидете отворени за дијалог и не толку осудувачки настроени. Може да пропуштите вредни идеи. Дозволете вашата интуиција да стане ваш постојан советник, а ако нешто досега ви бегало, прво обратете ѝ се на неа.

Scroll to Top