Баба Коса од Скопје прослави 100 роденден, со торта и букет цвеќе одбележа еден век живот

Баба Коса Илиевска од Скопје го прослави 100 роденден. Роденденот го прослави со семејството и најблиските. Таа е баба на две внучиња и прабаба на пет. За роденден доби торта и букет цвеќиња од градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски, кој рече дека е една прекрасна, весела и ведра жена.

„Со Баба Коса Илиевска од Црниче заедно го прославивме нејзиниот 100-ти роденден. Иако денес одбележува еден век од нејзиното раѓање, сепак е полна со живот“, рече Ѓеоргиевски.

 

Scroll to Top