По летната концертна сезона, Северина замина на заслужен одмор, а како дестинација го избра популарно место за одмор на многу познати имиња – Сен Тропе. Колку ужива во тоа покажа со фотогалерија на Инстаграм, а потоа објави фотографија со познатиот актер и музичар Џаред Лето, кого го запознала во ресторанот Cipriani.
„Лето 2023“, напиша пејачката, а фотографијата брзо наиде на бројни коментари.
„Како те гледа“, „Се заљуби“, „Се слика со тебе“, напишаа следбениците под фотографијата.
На фотографиите Северина е облечена во розов фустан со асиметрична креација на дизајнерката Роберта Ајнер наречена Бјанка, која сè уште може да се најде на онлајн продавницата на брендот. Самиот фустан е, како што вели описот, комерцијална верзија на оригиналниот рачно изработен вечерен фустан од сирена. За разлика од „оригиналот“, на оваа верзија рачно се изработени само ракавот и јаката, а најинтересен дел од фустанот е длабокото V деколте на грбот.
Пејачката го прошета фустанот по плажата Памплона и во популарниот ресторан Le Club 55, каде во друштво на Соња Дворник, Ведрана Васиќ и Антеа Шимац уживаше со школки и торта со јагоди, а на крајот наздрави. Во објавата која за само неколку часа собра повеќе од 17.000 лајкови, Северина позираше и со врамен постер од филмот „И Бог ја создаде жената“ во кој во 1956 година глумеше познатата Брижит Бардо. Фустанот кој се уште се продава онлајн со потпис на дизајнерката Роберта Ајнер чини 1050 евра.