Елизабет Андерсон-Сиера е мајката која го сруши Гинисовиот рекорд за најголема донација на мајчино млеко од една личност. Таа донираше речиси 1.600 литри мајчино млеко во периодот меѓу февруари 2015 и јуни 2018 година во повеќе непрофитни банки за млеко.
Елизабет страда од синдром на хиперлактација, ретка состојба при која телото произведува прекумерно количество мајчино млеко. Според нејзините пресметки, таа досега има донирано над 10.000 литри млеко на локални семејства и реципиенти со забавен развој, менувајќи илјадници животи.
„Тоа што можам да променам нешто во толку многу приказни ми значи сè. Тоа се позитивните нешта на кои се фокусирам и причина зошто продолжувам да го правам она што го правам. Имам зголемена хипофиза која лачи пролактин многу повеќе од нормалното. Со тој прекумерен вишок пролактин, моето тело прави млеко само по себе. Ако не испумпувам за да го намалам притисокот, започнуваат да ми се случуваат нешта како воспаление или маситис“ – рекла таа.
Синдромот ѝ бил дијагностициран во пролетта 2015 година, но првите симптоми ѝ се појавиле уште во 2014 година, за време на бременоста со првото дете.