Моника Црнокрак до дечкото во Египет: Се надевам дека ќе сме заедно до крајот на животот

Моника Црнокрак, поголемата ќерка на македонските модели Светлана и Мики  е на одмор со нејзиниот дечко Виктор.

Парот ужива во летото, а како  дестинација го одбрааа Египет.

Тие заедно се три ипол години и како што Моника во едно интервју за Репортер изјави „и се надеваме дека ќе ги броиме до крајот на животот“.

Моника ни раскажа како се запознале, но и како тој ја освоил. „Пред сè ме освои со физичкиот изглед, црн, висок и згоден дечко со тетоважи, со брада и прекрасна насмевка која не може, а да не се забележи, а потоа со неговата харизма и позитива којашто ја шири насекаде. Го сретнав пред многу години на рекреативна одбојка, па случајно се најде да игра со нас. Првата моја реакција беше таму: ’Кој е овој убав, згоден и висок дечко?‘ По долго време го запознав преку мои другари и тука веќе започнаа моите вистински симпатии и секојдневно да го освојува моето срце“, ни раскажа за Репортер, Моника.

Моника неодамна ја освои титулата Мис фотогеничност на изборот за Мис на Европа што се одржа во Либан, и иако со манекенството се занимава од хоби но и зарди генетиката, сепак и таа стана дел од јавниот живот. Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, на отсекот за маркетинг.

 

Scroll to Top