Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, е познат како некој кој мисли на своите многубројни обожаватели ширум светот и редовно ги користи приликите да ги израдува. Така беше и со Американецот Џастис Рид кој му напиша песна.
Покрај напишаната песна, тој купил златен автомобил „Југо“ на српскиот тенисер кој поради тоа морал да реагира.
Американецот отиде во Њујорк за да ја изведе песната во живо за Новак и тоа му се остварило.
Тој на Инстаграм објави видео во кое се дружи со Ѓоковиќ, кој пее заедно со него и му дава ритам.
„Следниот пат кога ќе бидеш во Србија, ќе дојдам, а потоа ќе го снимаме сето тоа и ќе глумам во твојот спот“, му ветил Новак, по што ја отпеале песната „Поздрави ја, поздрави ја“.