Еден од најдобрите руски вселенски научници, седумдесет и седум годишниот Витали Мелинков починал од труење со печурки. Тој бил шеф на одделот за ракетни и вселенски системи во „РСЦ Енергија“, водечки производител на вселенски летала во Москва.
Мелников се разболел пред две недели, откако ги изел печурките, но засега не се познати повеќе детали, објави весникот „Московски комсомолетс“.
Низ кариерате, Мелников бил главен истражувач во еден оддел на руската вселенска агенција „Роскосмос“ и има напишано 300 научни трудови. Важел за еден од најугледните вселенски научници. Тој исто така соработувал со странски агенции, вклучувајќи ја и НАСА.