Македонската кикбоксерка Марија Димовска освои сребрениот медал на Европското првенство за деца, кадети и јуниори кое се одржува во Истанбул, Турција.
Димовска во финалето на првенството загуби од Србинката Соња Вуксиќ со што ја освои вицешампионската европска титула.
Македонската кикбокс репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко учествува со шест кикбоксери на европското првенство. На овој престижен кикбокс натпревар учествуваат 1640 натпреварувачи во 2079 натпреварувачки влезови од 38 европски држави.