Рецепт за колач со смокви

Состојки:

бисквит:

– 4 јајца

– 6 лажици масло

– 2 лажици какао

– 2 лажици брашно

– 1 лажичка ванилин шеќер

– 4 лажици шеќер

– прстофат прашок за пециво

– смокви (околу 15 парчиња или околу 300 гр.)

Свежите смокви можете да ги замените со суви, само кратко натопете ги во вода.

Глазура:

– 100 гр темно чоколадо

– 1 лажица путер или 4 лажици масло

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Во жолчките додадете масло, какао, ванилин шеќер, брашно, прашок за печиво и измешајте со вилушка.

Изматете ги белките додека не се стегнат, а потоа додадете го шеќерот и матете додека смесата не стане сјајна, мазна и цврста. Во смесата од останатите состојки постепено додавајте ја белката и соединете ги сите состојки.

Намачкајте го плехот за печење и посипете го со брашно. Истурете го бисквитот, наредете ги смоквите и печете во загреана рерна на 170 степени околу 25 минути.

Изладениот колач прелијте го со чоколадна глазура.

Подгответе ја глазурата на вообичаен начин – растопете ја чоколадата на пониска температура.

Scroll to Top