Водителката на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет, со години ги бодри натпреварувачите кога ќе застанат на сцената пред жирито, а пред да се приклучи на тимот на Гранд се занимавала со модел и снимила два филма.
Првата продукција во која играла е создадена пред 17 години. Во филмот „Сатановиот воин“, Сања го толкувала ликот на ново девојче во училиште, која ги освоила срцата на многу школски другари. Таа беше во заеднички кадар со популарниот актер Радован Вујовиќ, кој играше една од главните улоги во филмот, а неговиот лик ја спаси Сања од канџите на злото.
Многумина се сеќаваат на сцената во која таа се бакна со актерот Радован Вујовиќ.
„Сања беше заводничка во тој филм, дури и снимаше жешки сцени. Тоа е филм кој е снимен во 2006 година. Тоа е тинејџерска хорор комедија. Истата година се испроба и во глумата во филмот “Доба на невиноста” , а десет години подоцна стана популарна како водителка на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, изјавил тогаш изворот.