Се бореше со опасни животни, а му пресуди морска раја, 17 години без ловецот на крокодили Стив Ирвин

Австралијанецот Стив Ирвин, познат и како ловецот на крокодили кој пливаше низ матни реки, бркаше анаконди во Амазон, играше со гуштери и змејови, трагично загина на денешен ден пред 17 години.

Беше во директен контакт со речиси најсмртоносните животни на светот, а според многумина му пресуди безопасно животно. За време на снимањето на емисијата за подводниот живот на Големиот корален гребен, Стив налета на раја која го прободела во градите директно во срцето.

Во исто време испуштила силен отров. Нуркачите го извлекле на површина ѝ се обидувале да го одржат во живот додека не стигне медицински хеликоптер, но отровот бил побрз. Нападите на морската раја се обично ретки, и досега само два случаи се забележани во историјата на Австралија.

Стив постхумно е награден со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Неговата сопруга Тери, ќерката Бинди и синот Роберт ја открија ѕвездата во негова чест.

Ловецот на крокодили се прослави во 1990-тите со популарниот филм „Крокодил Данди“. Во неговите емисии низ неговите раце минуваа сите можни видови диви и опасни животни со кои редовно се среќаваше на теренот.

Стив основал зоолошка градина во родниот Квинсленд. Најголем дел од животните кои ги чувал се крокодили. Стив се борел да го зачува нивниот животен простор и да спречи изградба во еколошки загрозени области.

Австралискиот истражувач на дивиот свет на крајот беше погребан во неговата зоолошка градина во Австралија. Многу луѓе го слават 15 ноември како Ден на Стив Ирвин, а во една прилика неговата ќерка Бинди му посвети трогателна објава.

„Денеска се сеќаваме на сè што направи тато за дивиот свет. Тој ме научи дека мора да се однесуваме со животните онака како што сакаме другите да се однесуваат со нас. Неговите совети се однесуваат на луѓето, но и на животните“, рече Бинди.

„Ако можеме да покажеме љубезност кон другите, тоа мора да го правиме и кон природата, дивиот свет и конечно кон нашата планета. Честопати ги потсетувам луѓето дека треба да внимаваме на крокодилите, змиите и ајкулите, а не само на слатките и мили животни. Сите сме поврзани“, додаде таа.

Семејството продолжило да работи во зоолошката градина и да поддржува проекти за заштита на дивите животни, а и синот Роберт тргнал по стапките на татко си.

„Тоа сме ние Ирвинс, тоа е едноставно дел од нас“, рече Роберт и додаде дека татко му го држел како едномесечно бебе додека со пилешко хранел крокодил во зоолошката градина.

Scroll to Top