Бил Гејтс ќе инвестира во месо од растително потекло, за милијардерот тоа е иднината

Мултимилијардерот Бил Гејтс во подкастот Unconfuse me зборуваше за скриеното влијание на месото врз животната средина. Рече дека иднината е во месото од растително потекло. Смета дека повеќето не знаат како земјоделството придонесува за климатските промени и емисиите на метан од добитокот и ѓубривата.

За влијанието на земјоделството врз животната средина зборуваше со музичарот и режисер Ахмир Томпсон, познат како Квестлов, кој исто инвестираше во стартапи за храна од растително потекло.

Квестлов му рече на Гејтс дека компанијата Impossible произведува стек од зеленчук со сирење, кој му е омилен на поранешниот американски претседател Барак Обама. Рече дека го освоил тоа што храната од растително потекло има вкус на вистинско месо, пренесува Biznisinfo.ba.

Земјоделството создава 24 отсто од вкупните глобални емисии на стакленички гасови. Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина на САД, главно се работи за емисии на метан од добитокот и ѓубривата.

Повеќето гасови, вклучително и метанот, се произведуваат за време на производството на говедско месо. На глобално ниво од 99 грама говедско месо се ослободуваат 50 килограми штетни гасови.

„Ако добитокот беше земја, тие ќе беа третиот најголем испуштач на стакленички гасови“, рече Гејтс во 2018 година. Во својата книга во 2021 година пишуваше „Како да се избегне климатска катастрофа“.

Напиша дека ефикасна борба против климатските промени ќе бара подготвеност да се посветиме на нови работи, како што се електрични возила и синтетичкото месо.

Во тоа време, тврдеше дека богатите земји имаат ресурси потребни за да се префрлат на 100 проценти синтетичко говедско месо. Гејтс тврди дека вкусот на ова месо ќе станне се подобар и подобар.

Месото од растително потекло сочинува мал дел од вкупниот пазар на месо. Гејтс е свесен дека ќе биде тешко да ги убеди луѓето да престанат да јадат вистинско месо. Една од причините зошто е тоа така е што местото на фабриката е поскапо.

Затоа преку својата фондација поддржува стартапи за одгледување на растително и лабораториско месо.

Scroll to Top