Македонскиот голман Столе Димитриевски се појави со дресот на Џанлуиџи Буфон на денешната средба со фудбалерките и селекторот Благоја Милевски. Милевски ги собра репрезентативците во пресрет на подготовките за следните две квалификациски средби за Европско против Италија и Малта.
Против Италија играме на домашен терен на 9. септември, додека три дена подоцна гостуваме на Малта. Влезниците за дуелот со „Аѕурите“ се пуштени во продажба по цена од 300 и 500 денари.