Индискиот ровер Прагјан во наредните две недели ќе одмори откако го заврши летот на Месечината, соопштија од Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО).
Лендерот Викрам, првиот индиски модул што безбедно слета на Месечината и првиот што стигна до регионот на Јужниот пол, исто така ќе направи пауза, објави NPR.
„Роверот ги заврши своите задачи. Сега е безбедно паркиран и спие. Инструментите APXS и LIBS се исклучени. Податоците од нив се испраќаат до Земјата со лендерот. Во моментов, батеријата е целосно наполнета. Соларните панели се ориентирани кон светлината веднаш штом Сонцето ќе излезе на 22 септември 2023 година. Ресиверот е вклучен. Се надеваме на успешно будење за нов сет на задачи. Ако тоа не се случи, роверот ќе остане таму засекогаш како индиски лунарен амбасадор“, рекоа Индијците.
Многу слична најава следеше малку подоцна и за Викрам.
„Слејувачот „Викрам“ денеска ќе ја започне фазата на спиење, но ресиверите сè уште се вклучени. „Викрам“ ќе спие кога ќе му снема сончева енергија во батеријата. Се надеваме дека ќе се разбуди околу 22 септември 2023 година“, рекоа од ИСРО на платформата Икс.
За потсетување, Индија е четвртата земја која успешно слета вселенско летало на Месечината, по СССР, САД и Кина, но и првата земја што го стори тоа во областа на лунарниот јужен пол.