Сергеј Трифуновиќ уапсен во Сплит, му забранија и влез во Хрватска

Сергеј Трифуновиќ  е уапсен на викендов во Сплит, како што пренесуваат тамошните медиуми, поради тоа што чувал куче без надзор и навредувал полицајци.

На официјалната веб-страница на полициска управа е објавено соопштение во врска со српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, во кое тие наведуваат дека му е забранет влез во нивната земја, сите земји од ЕУ и три земји од ЕФТА – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка една година.

Исто така, тврдат дека мажот со своето однесување на подрачјето на Сплит сторил пет прекршоци.

„По повикот на граѓаните и побараната интервенција  поради извршување на прекршокот од член 30 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, човекот без никаква провокација ги навредувал полицајците на начин кој не е погоден за јавно објавување“.

Полицајците излегле на терен на повик на граѓани, а Сергеј, наводно, бил агресивен кон полицајците со зборовите:

„Што ме ебете?! Однесете ме во станица и ебете ме таму!“.

Откако беше ослободен и казнет, ​​актерот се огласи на својот Инстаграм.

„ Малтретирањето што го доживеав денес може да се спореди со историски слики во кои полициските сили парадираат низ градот со некакви свински глави во кошули со јака и безбедносни беџови на Пит Бул, малтретирајќи ги локалното население и сопствениците на кафулиња кои ја “лижат“ градската власт. Вознемирувањето што го преживеав денес, никогаш никаде не го доживеав. Да го парафразирам Оливер Драгојевиќ – Никогаш повеќе нема да дојдам во Сплит“, напиша Сергеј.

Scroll to Top