Васил Гарванлиев: Благослов е да си геј во Македонија

Васил Гавранлиев, кој неодамна имаше концерт во Скопје. беше гостин во „Бекстејџ“. На прашањето што значи да си геј во Македонија,  Васил на тоа одговара дека тоа е Благослов.

Неодамна тој во интервју за Репортер, зборуваше за својот настап на Охридско лето. Евровизискиот претставник кој живее во Чикаго, пееше на сцената на Долни Сарај па рече дека настапот му предизвикува турбуленција 1000 пати поголема од онаа на „Евросонг“.

@backstagemacedonia 📌 Нова 16-та сезона , нови рубрики во Бекстејџ. Една од нив е : Продолжи понатаму, започнуваме реченица, познатите личности ја завршуваат, Васил Гавранлиев е гостин во денешната епизода. #backstage #backstagenatelma #бекстејџ #fyp #foryou #viral ♬ original sound – backstage

„Дома ми е Чикаго заедно со мојот Џејсон и трите “ќерки”- Есми, Кристина, и Шерон. Со промена на статусот за престој конечно почнав со настапи. Една од поканите беше да запеам пред почетокот и на полувремето на познатиот Стадион Soldier Field во Чикаго за време на фудбалскиот натпревар на Chicago Fire – единствено и уникатно искуство“, ни рече тогаш Васил.

Васил Гарванлиев: Домот ми е Чикаго, со мојот партнер Џејсон и трите ќерки

 

 

Scroll to Top