Ирец се качи на статуа во Брисел ѝ ја крши. Иако неодамна статуата била реставрирана за што биле потрошени повеќе од 15.000 евра, сега повторно ќе треба да се поправа. Станува збор за статуа со маж и лав. Туристот се качи на лавот ѝ скрши дел од статуата.
Инцидентот се случил во неделата, на 10-ти септември. Зградата пред којашто се наоѓа статуата е позната како Bourse, а била отворена за јавност само еден ден пред инцидентот. Изминатите три години, градбата се реставрирала, а за ова биле потрошени над 77 милиони евра.
И статуата била реставрирана, а за ова биле одвоени над 15.000 евра. Според едно од лицата одговорни за реставрацијата, поправката ќе чини многу скапо:
„Ќе бидат потребни многу пари бидејќи статуата ќе треба да ја поправат експерти. Статуата е културно наследство. Би сакале брзо да завршиме со поправките, но сигурно ќе бидат потребни неколку недели, па можеби и месеци. Целата градба беше реставрирана, вклучувајќи ги и двете статуи на влезот кои беа во лоша состојба. Мислевме дека луѓето ќе покажуваат поголема почит кон статуите. Многу е тажно што се случи ова“, рече тој.
Не е познато дали туристот ќе биде казнет, но наводно бил уапсен додека седел во ресторан за брза храна во близина на статуата.
Сè повеќе туристи не само што покажуваат непочитување, туку и уништуваат културни наследства на дестинациите што ги посетуваат. Годинава еден турист се потпиша на Колосеумот во Рим, а набрзо потоа имаше и жена која бесрамно влезе во фонтаната Треви исто така се наоѓа во Рим.
A young Irishman has been arrested in Brussels, Belgium, after he climbed on to a recently renovated statue outside the stock exchange on Sunday and caused part of it to fall off, according to local media. Report here: https://t.co/dyx9mL0EDO pic.twitter.com/nalE6cGMjc
— The Irish Times (@IrishTimes) September 13, 2023