Караванот „Македонијо во срце те носиме“, кој на 21 септември (четврток) ќе се одржи концерт во Велес. Концертот почнува во 20 часот и ќе се одржи во Амфитеатарот во Младинскиот парк. Публиката ќе може во живо да ги отпее „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“. Караванот „Македонијо во срце те носиме“ веќе имаше концерти во Штип и Битола.
Во Велес повторно на едно место ќе настапат Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни, сите во нов аранжман од маестро Николче Мицевски, има цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации за нивната земја и нејзиното наследство.