Македонскиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски -Иџе ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки, по освоените титули во 2014-та и 2015-та година. По ова тој беше пречекан како вистински херој. Иџе викендов во хрватскиот град Бузет, во областа Истра, ја завери третата шампионска титула, која и претходно беше очекувана бидејќи имаше бодовна предност од 204 бодови во однос на 176 бодови на Французинот Николас Вервер. Игор Стефановски – Иџе во оваа сезона, победи на седум од десет трки.