Беше во љубов со синот на Џон Кенеди, а тајно се гледаше со Броснан: Љубовниот живот на Сара Џесика Паркер

Американската актерка, продуцентка и дизајнерка Сара Џесика Паркер е најпозната по улогата на Кери Бредшо во хит-серијата на „Ејч-би-о“, „Сексот и градот“, која се емитуваше во периодот од 1998 до 2004 година. За оваа улога освои две награди „Еми“ и четири „Златни глобуси“. 

Сара е родена на 25 март 1965 година во Нелсонвил, Охајо. Мајка ѝ Барбара Паркер беше наставничка и медицинска сестра во основно училиште, а татко ѝ Стивен беше претприемач и новинар. Таа има седум браќа и сестри од двата брака на мајка ѝ. Нејзините браќа Тимоти и Пипин Паркер се исто така актери.

Таткото ѝ е Евреин од Бруклин, а неговата мајка има германски и британски корени. Иако не е религиозна, Сара наследила склоност кон јудаизмот од својот татко. Во едно од нејзините интервјуа таа призна дека мајка ѝ негувала њујоршки начин на живеење, дури и додека живеела во Синсинати. По разводот на нејзините родители, мајка ѝ се премажила за Пол Форст, возач на камион и сметководител.

Како дете играше балет и вежбаше пеење, а набргу потоа се пријави и на аудиција за претставата „Невиност“ на Вилијам Арчибалд во театарот „Бродвеј“. Мајка ѝ и очувот ја поддржаа во намерата да стане актерка. Во текот на животот често се селеше заедно со своето семејство. Најпрвин во Синсинати, потоа во Добс Фери, Ист Ривер, Менхетн, Њу Џерси и Лос Анџелес.

Првите актерски почетоци ги одбележа во мјузиклот My songs, my dreams во театарот „Сент Луис“ заедно со своите четири браќа и сестри. Подоцна глумеше во мјузиклот „Ани“ на Бродвеј во периодот од 1977 до 1981 година. Следната година се појави во серијалот на CBS, Square Pegs, во улога на срамежлива тинејџерка. Иако серијата доживеа само една сезона, сепак нејзината глума не остана незабележана.

Во следните три години таа глумеше во четири филма, како „Футлуз“, „Девојките сакаат само да се забавуваат“ со Хелен Хант и научнофантастичниот филм „Лет на навигаторот“. А потоа и во „Меден месец во Вегас“ со Николас Кејџ, „Хокус покус“, „Смртоносна дистанца“ со Брус Вилис, „Ед Вуд“ со Џони Деп и „Рапсодија во Мајами“. Во 1996 година таа глумеше дури во пет филма, од кои најзабележителен беше „Напад на Марс“ на режисерот Тим ​​Бартон.

Во 1998 година Сара ја прифати понудата на продуцентската куќа „Ејч-би-о“ да игра една од четирите главни улоги во серијата „Сексот и градот“. Серијата доби огромна популарност меѓу жените во светот, а таа како Кери Бредшо стана стилска икона.

По пет номинации, во 2004 година таа ја доби наградата „Еми“ за најдобра главна улога. Четири години по завршувањето на серијата, беше објавен истоимениот филм, а две години подоцна беше прикажан и вториот дел. Во моментот се снимаат уште 10 епизоди како ново продолжение на серијата, чија премера е закажана за декември оваа година. За разлика од претходно, овој пат нема да се појави Ким Картал.

Покрај својата филмска и телевизиска глума, Сара одигра многубројни улоги во претставите на Бродвеј, меѓу кои и претставите „Силвија“ и „Како да се успее во бизнисот без многу напор“.

Таа беше во седумгодишна врска со актерот Роберт Дауни Јуниор, но поради неговите проблеми со дрогата, тие раскинаа. По тоа, кратко се забавуваше со адвокатот и новинар Џон Кенеди Јуниор, синот на Џон Кенеди.

Во 1992 година се запозна со актерот Метју Бродерик, со кого се омажи во мај 1997 година. Таа не носеше бела венчаница, туку црвен фустан. На новинарско прашање зошто не е во бело, таа рече дека се срами да носи бело. Пет години подоцна го добија синот Џејмс Вилки, а во 2009 година со помош на сурогат-мајка ги добија близначките Лорета и Табита.

Семејството Паркер-Бродерик живее во Њујорк од 2009 година. Тие поминуваат многу време на фармата во Ирска, каде што Метју летувал како дете. Иако Метју и Сара важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд, сепак во 2011 година таблоидите пишуваа за нејзината тајна врска со актерот Пирс Броснан. Тогаш актерката не коментитра ништо.

Покрај актерската кариера, Сара Џесика Паркер го води Балетот во Њујорк. Тој е амбасадор на УНИЦЕФ и еден од најголемите донатори на училиштата во Њујорк.

Scroll to Top