Еден од најдобрите хрватски фудбалери, Лука Модриќ, дванаесет години е во брак со Вања, која е неколку години постара од него. Но, нивната љубовна приказна почнала шест години претходно, по еден телефонски разговор.
Првпат се сретнале во загрепско кафуле во 2004 година, а си се допаднале еден на друг по телефонскиот разговор кој започнал поради работа, а траел цели три часа. Шест месеци по телефонски разговор, Вања и Лука веќе биле во сериозна врска.
За нив бракот бил само формалност, па низ годините постојано ја одложувале венчавката поради бројните обврски што ги имале двајцата. Но Вања забременила, па двојката се венчала во мај 2010 година. По раѓањето на првиот син Иван, во јуни 2011 година, била организирана голема црковна прослава во црквата Пресвета Богородица Лурдска во Загреб.
Покрај Иван, тие ги имаат и ќерките Ема и Софија. Двојката со своите три деца живеат во Мадрид, но често доаѓаат во Хрватска за време летните одмори или кога имаат слободно време.