Споменик на српскиот кантавтор, уметник и пејач на народна музика Тома Здравковиќ во Скадарлија го открија членовите на неговото семејство заедно со градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ и претседателот на СДП на Србија, Расим Љајиќ, кој иницираше за подигање на споменикот.
Тома беше познат како голем боем и ја обожаваше Скадарлија и кафеаните, а сега едно од неговите омилени места ќе го краси неговиот споменик, пренесува Нова.рс.
Во Скадарлија Здравковиќ одржа еден од последните настапи, а споменикот се наоѓа во близина на меаната „Два јелена“ во Скадарска 26.
На овој настан присуствувала и вдовицата на Тома, Гордана Здравковиќ и нивната ќерка Жаклина, Драган Којиќ Кеба, Бранко Бабовиќ, водителот Живорад Николиќ, Александар Шапиќ, Мирко Кодиќ и други.