Концерт во чест на Тоше во Крушево со домашни и регионални пејачи

Во четврток, на 5 октомври, на платото пред Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево ќе се одржи концерт во чест на Тоше.  Концертот е закажан за 19 часот, а ќе настапат домашни и  регионални поп пејачи.

Тоше последниот концерт го го одржа на 5 октомври, во 2007 година, на Градскиот стадион во Скопје, а неполни две  едали потоа, на 16 октомври загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Во негова чест најголемите хитови ќе ги пеат Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев, „Инвиктус бенд“, српската група „Фрајле“, а од Црна Гора гостува пејчот Бојан Маровиќ, кој беше добар пријател со Тоше.

 

Scroll to Top