Апелациониот суд во Белград, донесе решение со кое на обвинетиот Зоран Марјановиќ, осомничен за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ, му е укинат притвор и е утврдено дека тој треба веднаш да се ослободи. Притворот и првостепената пресуда се укинати од повеќе причини.
Зоран Марјановиќ пред една година и два месеци со првостепена пресуда беше осуден на 40 години затвор за тешкото убиство на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ, во канал на насип во населбата Црвенка.
Како причина за укинување на притворот, по денешната седница во решението на Апелација се наведува дека фактите и околностите поради кои е приведен го изгубиле интензитетот и значењето.
„Апелациониот суд имајќи предвид дека критичниот настан се случил на 02.04.2016 година, односно пред повеќе од седум години и дека во врска со критичниот настан обвинетиот е лишен од слобода дури на 15.09.2017 година, а бил во притвор до 12.07.2018 година кога му бил укинат, а потоа дека му е одредена мерка притвор по објавување на правосилна пресуда во која е прогласен за виновен за кривичното дело тешко убиство и осуден на 40 години затворот, фактите и околностите поврзани со начинот на извршување на кривичното дело го изгубија својот интензитет и значење “ – се вели во соопштението на судот. Апелациониот суд утврди дека е оправдан предлогот на бранителите на обвинетиот за укинување на притворот и итно ослободување.