Француската пејачка и манекенка , Карла Бруни – Саркози, се борела со ракот на дојката и преку објав на Инстаграм ги повика жените да прават редовни прегледи.
„Имав среќа, ракот сè уште не беше агресивен“, рече таа, додавајќи дека рано бил откриен затоа што секоја година одела на прегледи за рак на дојка.
Бруни рече дека долго време не сакала да зборува за своето здравје, но сакала да ги охрабри жените да прават редовни контроли како дел од Месецот за подигање на свеста за ракот на дојката. „Без нив „денес не би имала лева дојка“, рече таа.
Карла Бруни и на 55 години е уште е вита иако има син тинејџер и 11-годишна ќерка во бракот со Саркози. Има носено многу различни шапки во нејзините 50 години како топ-модел, меѓу кои најверојатно најпозната е таа како прва дама на претседателот на Франција, Никола Саркози, од 2008 до 2012 година. Но, сепак, пред сѐ нејзината најголема страст остана музиката – кариера во која се најде откако го направи успешниот чекор како модел, и не се откажа дури и поради временските ограничувања со нејзините политички обврски во поддршката на нејзиниот сопруг.