Владо Јаневски по 30 години повторно се враќа на „Макфест“

Владо Јаневски повторно ќе пее на  „Макфест“. Триесет  години по „Чаирска романтика“, ѕвездата во своите „златни години“ се враќа на сцената на најугледниот македонски фестивал на забавна музика и тоа токму со  песна насловена „Златни години“.

„Триесет години после „Чаирска романтика“ и „Еден бакнеж“ доаѓам повторно на Макфест.  На 21-ви октомври со нова песна насловена „Златни години“. Се гледаме на „Макфест“, вели Владо.

Покрај него, меѓу останатите познати музички имиња како што е веќе најавено годинава ќе настапат уште дузина македонски музички ѕвезди, меѓу кои и: групата „Љубојна“, Андријана Јаневска, Ламбе Алабакоски, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Таско…

Низ двете фестивалски вечери кои  и годинава директно ќе ги пренесува МРТ, публиката во домот на културата во Штип како и онаа покрај ТВ екраните и овој пат ќе ја водат фестивалските домаќини, познатата водителска двојка Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски. Но пред и за време двете фестивалски вечери на црвениот тепих, на сцената и зад неа – во бекстејџот ќе се појават и  неколку други познати македонски естрадни и јавни личности, во улога на фестивалски презентери.

 

Scroll to Top