Крис Рок ја презема режисерската палка на претстојниот биографски филм за животот на Мартин Лутер Кинг Јуниор. 58-годишниот комичар и актер е во завршни преговори да раководи и да го продуцира
филмот за прославениот борец за граѓански права, а во кој е вклучен и Стивен Спилберг како извршен продуцент.
„Јуниверзал пикчрс“ стои зад филмот по добивањето на правата на наградуваната биографија King: A Life („Кинг: живот“) на Џонатан Ајг. Книгата – опишана како конечна биографија на лидерот на каузата за граѓански права во САД – користи нови информации на ФБИ и стотици интервјуа за да го прикаже Кинг
како „храбар, но емоционално проблематичен поединец, кој повикува на мирен протест додека се бори со сопствените слабости и со владата што го прогонува“.
Моментно е во рана фаза на развој и вестите за кастингот допрва треба да бидат објавени. Рајан Џонс од „Јуниверзал“ ќе ја надгледува продукцијата на ненасловениот филм во име на студиото, а проектот е продуциран од „Емблин партнерс“ на Спилберг.
Мартин Лутер Кинг Јуниор, кој го симболизира движењето за граѓански права во САД и е добитник на Нобеловата награда за мир (1964), беше убиен на 4 април 1968 година.