Пријателот на холивудскиот актер Брус Вилис, Глен Гордон Карон, зборуваше за тешката состојба на актерот откако се повлече од актерството. Вилис се повлече од Холивуд поради мозочно нарушување наречено афазија, а подоцна беше откриено дека боледува од деменција.
Откако го посетил, Глен во интервју за „Пејџ сикс“, зборуваше за деталите кои ги растажија многумина.
„Моето чувство е дека знае кој сум јас само во првите три минути од разговорот. Тој повеќе не зборува, порано беше страствен читател, но сега се откажа од тоа“, рекол тој и додал: „Сите тие јазични вештини повеќе не му се достапни. Кога сте со него знаете дека е Брус и сте благодарни што е таму, но повеќе нема радост на живеење во него“.
Да потсетиме, на актерот во март минатата година му беше дијагностицирана афазија, нарушување на мозокот што влијае на способноста за ефективно комуницирање, а во февруари оваа година му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).