Еди Шерифовски е балкански вицешампион во џудо

Џудо репрезентативецот Еди Шерифовски е балкански вицешампион во џудо. Македонската сениорска репрезентација во џудо до 23 години од 13 до 15 октомври, учествуваше на Балканското првенство за млади сениори во Истанбул, Турција.

Шерифовски во четвртфиналето славеше против Селахатин Елнас, потоа во полуфиналето беше подобар и го победи Ерен Кочак, а во финалето во израмнета борба загуби од Нихат Карачан и го освои сребрениот медал.

На Балканското првенство за млади сениори до 23 години учествуваа натпреварувачи од девет балкански земји: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Бугарија, Молдавија, Романија, Грција, Црна Гора и домаќинот Турција.

 

Scroll to Top