На 6.декември е премиерата на филмот за ќивотот на Џеј Рамадановски кој почина пред 3 години.
Насловната песна на филмот ќе ја пее фолк ѕвездата и блиска пријателка на Џеј, Цеца Ражнатовиќ.
Воедно, ова е прва песна на Цеца која ја снимила после 6 години.
-Снимена е песна за филмот за Џеј! Фута, Марина и јас во нова песна. Нова песна, стари чувства! Едвај чекам да ја слушнете „За крај“, напиша Цеца.
Да потсетиме, филмот за Џеј се снимаше на локација во Белград и во Панчево.
Во оваа филмска адаптација Џеј ќе биде прикажан како наратор на филмот. Улогите им беа доделени на истакнати актери.