Српскиот актер и продуцент Милош Биковиќ e меѓу номинираните за националната филмска награда „Златен орел“, која многумина ја нарекуваат руски „Оскар“.
Годинава во конкуренција за награди се 38 филмови, а Биковиќ беше номиниран за најдобар актер во филмот „Предизвик“. Во оваа драма на Клим Шипенко, првата продукција снимена во вселената, тој го прикажува ликот на хирург кој мора да помине напорна обука за да научи да работи во бестежинска состојба.
За истото признание, Биковиќ беше номиниран и со дебитантската „Сучаница“, која ја работеше со Никита Михалков.
Доделувањето на наградата „Златен орел“ ќе се одржи на 26 јануари 2024 година во студиото „Мосфилм“ во Москва. Кандидатите ќе бидат избрани со тајно гласање на членовите на Руската филмска академија.