Посетата на Света Софија повеќе нема да биде бесплатна за туристите

Туристите кои во 2024 година сакаат да го посетат еден од најпознатите историски споменици во Истанбул, Света Софија, ќе мора да платат влез во светилиштето, се вели во изјавата на турскиот министер за култура Мехмет Нури Ерсој.

Аја Софија, еден од најпопуларните културни споменици во Истанбул, со години беше музеј, а во 2020 година беше претворена во џамија. Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој истакна дека Света Софија ќе се реновира и дека според препораката на УНЕСКО од 15 јануари 2024 година ќе се промени планот за посета на туристите.

Се уште не е одлучено колкава ќе биде цената на билетите, но нагласи дека целта е да се ограничи бројот на посетители. На муслиманите кои одат на молитва во Света Софија нема да им се наплаќа влезот, а исто така и за турските граѓани влезот ќе биде бесплатен.

Новина е и тоа што туристите кои ќе го посетат ова светилиште нема да мора да ги соблекуваат чевлите. За тури со водич, туристите ќе користат слушалки, а ќе им биде понудена приказна на 17 јазици во светот. Аја Софија ќе продолжи да биде затворена за посетители за време на молитвата.

Текстот Посетата на Света Софија повеќе нема да биде бесплатна за туристите е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top