Постојат многу начини да ги користите јајцата за појадок – од едноставни пржени јајца „на око“, до кајгана, поширани… списокот е бесконечен. И сега, како тоа да не е доволно, креативните луѓе се осмелуваат да смислат нешто ново и различно. Така се родил овој необично обичен појадок.
Имено, на интернет има се повеќе рецепти за таканаречениот „торнадо-омлет“.
И за што всушност се работи?
Па, во суштина во самата техника на пржење на омлетот.
На видеото се гледа како јајцето додека полека почнува да го „опфаќа“ дното на тавата, со дрвени стапчиња се извртува во круг за да се создаде ефект на торнадо. Инаку, ова е омилена корејска улична брза храна.
Веруваме дека тоа не го менува самиот вкус, но би можело да биде интересен начин за послужување на храната, особено за пребирливите деца.