Баба Ванѓа за 2024 година, пишува Irish Mirror, најавува терористички напади, атентати, кризи. Голема земја ќе изврши напад со биолошко оружје во 2024 година, а ќе има и голем терористички напад во Европа.
Огромна економска криза е пред човештвото. Во нејзините визии за 2024 година, таа наводно предвидела „застрашувачки временски услови и природни катастрофи“, како и зголемување на радијацијата.
Весникот пишува дека Ванѓа најавува и дека некој ќе се обиде да го убие Путин, но дека во 2024 година ќе постигнеме напредок и во медицината. Според нејзините предвидувања, наскоро наводно ќе откриеме лек за ракот.
„Западот губи и контролата наскоро ќе ја преземе Истокот“, предвидува Ванѓа во блиска иднина.