Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ годинава наполни 50 години, а многумина велат дека има фигура на девојка.
Генерално немала проблеми со вишокот килограми, иако никогаш не криела дека ужива во храната и дека на нејзиното мени има различни специјалитети. Но, со возраста, нашето тело се менува, како и некои процеси во телото, без разлика колку е добра генетиката, пишува „Блиц“.
View this post on Instagram
– Пред некое време почнав да се дебелеам. Се соочив со себе и си реков дека сакам, пред се, да живеам поздраво. Посетив успешен нутриционист кој го познавам со години – изјави Цеца во едно интервју.
Бидејќи сака месо и салата, не и било лесно да се навикне на нова диета и да ги балансира оброците со работните обврски.
– Првата недела ми беше најтешка, бидејќи е многу важно во кое време јадам. Помеѓу секој оброк мора да поминат три до четири часа – објасни популарната пејачка и додаде дека во се треба да бидете умерени.
View this post on Instagram
Бидејќи не може да одолее на слатките, Цеца се консултира со својот нутриционист пред да изеде нешто слатко.
А вака изгледа диетата со чија помош таа ја доведе линијата до совршенство. За појадок јаде овесна каша со овошје и чиа семе, за ручек има орада со зелена салата, додека вечерата е уште полесна – пијалак од тиква.